👁️  19

Се уште не седнат на новата функција технички премиер, Талат Џафери влезе во пресметка со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп.

Тој во поткастот „Политиканти“ му порача на амбасодорт кој е најжестокиот критичар на криминалот и корупцијата во земјава, да не се меша во работата на судскиот совет.

-Тоа не е негова работа како работи Судскиот совет. Moжете вие да одите во Холандија, како амбасадор, да одите во Судски совет или во Врховниот суд да кажете, можете да одите? праша Талат Џафери.

Ова е транскриптот од неговото гостување во врсска со овој дел:

П: Мислам дека Ниту странските амбасадори немаа голем ќеф да се занимаваат со нашите институции и корупцијата?

Џафери: Можете вие да одите во Холандија како амбасадор и да одите во Судскиот совет или во Врховниот суд и да кажете , можете да одите и да кажете?

П: Можете да одите но ќе ве протераат!

Џафери: ААА Ќе ве протераат!

П: Мислите дека некогаш настапуваат неодмерено некои странски амбасадори?

Џафери: Видите фактот што „се поддржува се донираат “ средства, разбирам тоа се нивни средства на кои што, треба да има контрола на трошењето. Како претседател на Собранието имам потпишано меморандум за поддршка со швајцарската влада и таму си има процедури по кои ќе се донираат тие средства.

П: Но што мора да докажува холандскиот амбасадор кога сите гледаме што прави Судскиот совет?

Џафери: Тоа не е негова работа, како работи Судскиот совет. Слушај ме нашиот проблем е што сите сакаме да се занимаваме со надлежностите на другиот, никој да не води сместка за своите обврски. Сега ја сакам да се занимавам со твоите надлежности. А за себе велам дека никој не смее да зборува.