👁️  173

Идниот премиер што ќе ја предводи техничката Влада во Македонија, Талат Џафери во интервју за Слободен Печат збореше за корупцијата и за црните листи кои треба да бидат дел од македонскиот правен поредок. Тој посочува дека е против таквите црни листи зошто не се предвидени со Уставот и законите на Македонија.

-Нема закон што ќе спречи корупција. Ни овде ни во светот. И тоа не е појава што е само за регионот. Некаде е институционализирана, некаде е во четири очи. Ветингот е прво внатре, совест, од личноста, лична карактеристика – да имате чувство за одговорност што смеете, а што не смеете да правите. Ние и како партија го предложивме. Може да седнеме со експерти да формулираме кои би биле техниките од дефиниција до спроведување, посочи Џафери

На прашањето дека народот смета дека политичарите се корумпирано, Џафери вели дека граѓаните не грешат и дека народот е секогаш во право и дека таа перцепција низ процедури треба или да се потврди или да се отфрли.

Околу предлозите за црните листи на САД и Обидинетото Кралство да бидат дел од македонскиот поредок Џафери со свое размислување:

– Во однос на предлогот за црните листи да станат дел од македонскиот правен поредок јас сум против оти тоа не е предвидено во Уставот и законите, а тие не се меѓународни документи па да се ратификуваат и да влезат во македонскиот правен поредок, рече Џафери.