👁️  978

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска ја прими Граѓанската иницијативата за распишување на задолжителен референдум на државно ниво, за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија (објавен во Службен весник бр. 12/2018 од 18.01.2018 година) и на истата достави одговор до овластениот предлагач Проф. Д-р Христијан Мицкоски, велат од Собранието.

Во продолжение одговорот на претседателот на Собранието Џафери.

Согласно член 60, став 1, алинеја 5 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Ве известувам дека граѓанската иницијатива за распишување на задолжителен референдум на државно ниво, за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија (објавен во Службен весник бр. 12/2018 од 18.01.2018 година), не е во согласност со член 118 од Уставот на Република Македонија, како и со членот 8, став 1, алинеја 11 од Уставот на Република Македонија.

Имено, во член 118 од Уставот на Република Македонија е утврдено дека Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон. Во членот 8, став 1, алинеја 11 од Уставот е утврдено дека темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија е и почитувањето на општоприфатените норми на меѓународното право.

Поради горенаведеното, доставената граѓанска иницијатива не е прашање по кое може да се распише референдум на државно ниво“, се вели во одговорот.