👁️  621

Вчера во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Г.(28) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 31.08.2022 околу 16.20 часот на Плоштад „Скендербег” во Скопје, за време на одржување на јавен собир на граѓани, физички ги нападнал Б.А. и С.М.

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.