👁️  789

Огромни количини дрога се запленети во полициски акции во кавадаречко и битолско.

Станува збор за две полициски акции во кои е запленета огромна количина марихуана.

Од МВР потврдуваат дека се во тек полициски акции, но детали најавуваат по нивното завршување.

Денеска  пак полициски службеници од ОВР Делчево при СВР Штип ги лишиле од слобода А.М.(24) и Д.И.(24) од Делчево.

Имено, по преземени мерки и активности, со судска наредба полициските службеници извршиле претрес во домот на С.М.(24), при што пронашле и одзеле марихуана. Истиот ден, по судска наредба, извршен бил претрес на дом и други простории во кои живее Д.И.(24) во Делчево, при што биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана, кутија со остатоци од марихуана и дробилка. При преглед на патничко возило „ауди”, пак, сопственост на Д.И., била пронајдена и одземена уште една ќеса со марихуана.

Двајцата биле приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.