
Искусниот центар Двајт Хауард следната недела би требало да се сретне со претставници на Голден Стејт каде би можел од наредната сезона да биде дел од оваа екипа.
Хауард претходната сезона ја помина во Тајван Леопардс. Според сознанијата на новинарот на „Алетик“ Шамс Чаранија,
Хауард се појавил како кандидат за местото резервен центар, но повеќе детали ќе бидат познати по средбата на двете страни следната недела.
Во 2020 година Хауард беше дел од шампионскиот тим на Лос Анџелес лејкерс.