👁️  1566

На средновечен човек му се слоши денеска на автобуска постојка во скопската населба Ѓорче Петров.

Човекот од засега се уште непознати причини се почувствувал лошо, по што се онесвестил. За среќа, веднаш била повикана Итната помош која му помогнала, добил инфузија, по што неговата состојба се подобрила.

Сведоци на драматичната случка биле неколку минувачи кои во моментот на непријатниот настан се нашле на местото. Тие велат од Итната помош брзо реагирала и за среќа била спречена потешка несреќа.