👁️  859

Попладнево на улицата Алија Авдовиќ во близина на црквата имало пукање и повредено лице од огнено оружје.

Од полицијата информираа дека на пукањето претходела сообраќајна незгода помеѓу патничко возило управувано од пријавителот Б.Ј. и патничко возило управувано од Б.К.(20) од Скопје.

„Настанала вербална расправија и физички напад, по што Б.Ј.(34), кој според пријавеното бил сопственик на возилото „сеат”, извадил пиштол кој испукал при обид да му биде одземен, при што со повреда во ногата се здобил Б.Ј., брат на пријавителот, кој заедно со С.Ј., роднина на пријавителот, кој се здобил со повреда при физичкиот напад, биле пренесени во Ургентен центар за укажување на медицинска помош“, соопшти МВР.

Известен е Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.