👁️  4170

Вистинска драма се случуваше денеска на македонското небо, дознава ТВ21. Патнички авион од Охрид полетал со еден час задоцнување со 180 патници, крајна дестинација била Фридрихсхафен, Јужна Германија.

Но, набргу пред Ниш, Србија авионот започнува да ја намалува вистината и брзината на движење, врти во десно и се враќа кон Македонија.ТВ21 имаше увид во летот. Според статистиките авионот на WizzAir од 6.400 метри, се спушта на 2.477 метри.

„Авионот правеше чудни маневри. Ова не ми е прв пат да се возам со авион. Не добивме никакво објаснување што точно се случи. Други ми кажаа дека станува збор за технички проблем“, вели една патничка.

Станува збор за авион „Airbus A320-232“. Во воздух се задржал над два часа.

ТВ21 продолжува да истражува кои се причините за овој инцидент, со надлежните од М-НАВ како и компанијата сопственик на авионот.