👁️  5

Лука Дончиќ сериозно беше фрустриран на натпреварот против Канада и имаше многу забелешки за судиите, па во таква ситуација, ја загуби главата и доби исклучување во последната четвртина.

– Најпрво би сакал да и честитам на Канада, играа добра кошарка, физички беа силни и имаат еден од најдобрите играчи во светот. И покрај се, горд сум на својот тим, се боревме до крај и си одиме со кренати глави. Сите видовте дека бев фрустриран, морам пдообро да се контролирам, но тоа е што е. Судијата на еден наш играч му кажа дека нема да свири фаули за мене поради тоа што постојано се жалам. Тоа не е фер.
Знам дека многу се жалам, но таквиот пристап од судиите не е фер. Тие играа физичка кошарка и имаше многу контатки. Добро одигра и Дилон Брукс кој беше исклучен. Многумина не го сакаат поради таквиот стил, но јас го почитувам поради тоа што добро работи за тимот, – изјави Дончиќ.