👁️  138

Првата ѕвезда на Далас маверикс, Лука Дончиќ, доживеа благо истегнување на мускул на левата нога за време на патувањето на тексашкиот клуб во Шпанија и нема да игра на последниот предсезонски натпревар против Детроит в петок.

Тренерот на Маверикс, Џејсон Кид, изјави дека Дончиќ ќе биде подложен на уште еден преглед подоцна. Тој изрази надеж дека Словенецот ќе биде подготвен за првиот меч на Далас во новата НБА сезона – на 25 октомври на гостувањето кај Сан Антонио.

За време на тренингот во понеделникот, Дончиќ се ограничи на работа на стационарен велосипед и шутирање од статични позиции.

Што се однесува до Кајри Ирвинг, кој ги пропушти последните два претсезонски натпревари поради проблем со препоните, закрепна и продолжи со тренинзите.