👁️  1615

За да можете да работите како доктор во Германија потребно е да поднесете барање за признавање на вашата диплома.

Барањето се состои од повеќе документи и формулари кои треба да ги доставете до задолжителната институција од Бундес земјата во Германија каде што сакате да правите признавање на диплома.

За пример ќе земеме Берлин и сите потребни документи кои мора да ги имате за да направите признавање на диплома. Како за доктори така и фармацевти и стоматолози најпрво мора да имаат потврда за положен Б2 сертификат германски јазик во официјална јазична институција призната од Германија.

Потоа потребно е да се полага стручен германски јазик Ц1 во лекарска комора во Германија. Тој испит не е како класичниот Ц1 кои го изучуваат професорите по германски јазик туку го опфаќа стручниот дел за вашата здравствена област.

После успешно полагање на Ц1 добивате ограничена дозвола за работа од 2 години, истовремено се припремате за полагање на Knntnisprüfung или Стручен испит – лиценца.

После успешно полагање на Kenntnisprüfung вие сте конечно доктор во Германија. За да поднесете барање за признавање на вашата диплома потребни се следните документи:

– Пасош со доволна важност

– Барање за признавање на вашата диплома

– Antrag – Апликации, направени интервјуа, или договор за работа од некоја болница за покраината во која аплицирате, или вашите веќе разгледани/прифатени апликации за работа

– Детално CV со табеларен приказ од запишувањето на медицински факултет до моментот на аплицирање

– Интернационален извод на родени од матична служба во РМ.

– Документ за неосудуван од РМ. Како и документ за неосудуван во професијата од лекарска комора – не постари од 3 месеци!

– Лекарски А-тест со кој се потврдува дека здравствено сте погодни за работаво областа на здравството

– Диплома за завршено средно образование – копија со апостил

– Диплома и лиценца за работа – копија со апостил

– Доказ за практична настава и детален преглед на положените предмети – најчесто доволно е документ на положени испити во кој стои и практичниот дел во часови

– Сертификати од посетени семинари, работно искуство – во часови, препорака од досегашниот работодавец

– Сертификат Б2 германски јазик Гете институт, Телк – не постар од 3 години

Напомена:

– при апликација не е потребно веќе положен Ц1 германски јазик за медицинари.

– Документите се разликуваат во зависност во која покраина аплицирате- во некои покраини мора да доставите дополнително други но и некои од погоре наведените не се потребни при апликација.

Повеќе на германски јазик може да прочитате:

Берлин- ТУКА.

Баерн – ТУКА.

NRW – ТУКА.

Целата процедура чини околу 700-1200€ кои најчесто трошоците ви ги превзема самата држава затоа што сте стручен кадар.

Термин за виза добивате после положен Ц1 германски јазик. Платата за “ Доктор под надзор” се движи од 3500-4400 Бруто!

Преводите се исклучиво кај овластен преведувач во Германија. За повеќе информации приклучете се во групата за стручен медицински кадар во Германија линкот –ТУКА.