👁️  26

Од пред некој ден раководството на КФСМ донесе одлука пред секој натпревар задолжително да биде интонирана химната на Македонија, тука мислиме на кошаркарските натпревари.

Ништо чудно. Чудна е висината на казната.

Имено ако еден клуб како домаќин не ја интонира химната, тогаш казната за првиот пат е 30.000 денари. Но казната за секој нареден пат е прогресивна, односно 60.000, па 120.000 денари и слично.

Па така ако еден клуб се заинати и не сака цела сезона да ја интонира химната, тероретски може на крајот за него казната да биде и милиони и милиони евра.

Во секој случај идејата е убава за интонирање на химната, но начинот на тоа како ќе се одредува санкцијата е навистина е проблематичен.