👁️  859

Пред неколку минути повторно беше целосно испразнета гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на градот.

Освен во ова средно училиште истото се случувало и во останати пет во градот Скопје, информираат од полицијата.

Од таму велат дека станува збор за дојава на бомби.

„Денеска (02.11.2022) во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на меил адреси на шест училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.