👁️  194

Раководството на С. Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа. Дополнително, се враќа на дејствија од минатото кои алудираат на иредентистичко расположение и целосно непознавање на историјата, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во соопштението на грчкото МНР, „за прекршувањето на Договорот од Преспа од страна на раководството на С. Македонија“, пишува дека министерот за надворешни работи на Грција „пред неговите колеги во рамките на Советот за надворешни работи веќе детално ги покрена соодветните прекршувања и ќе продолжи да го прави тоа“.

– Дополнително, прашањето се покренува на меѓународно ниво од страна на грчката Влада. Раководството на С. Македонија секојдневно, сè повеќе се оддалечува од добрососедските односи што го претставуваат јадрото на европското законодавство и меѓународното право, пишува во соопштението од грчкото МНР.

Тоа е погледот од Грција, која се уште не ги ратификувала сите документи од Договорот од Преспа, додека Република Македонија ги спроведе сите обврски.

Патем, во времето на еуфоричниот премиер Зоран Заев, власта во Македонија веднаш ги смени сите сообраќајни табли и патокази со новите имиња на државата, автопатот, аеродромот… Дури ги гребеше и шахтите од симболи кои може да ја „иритираат Грција“, каде пак долго останаа патоказите за границата кон „Фиром“ или „Скопиа“.