👁️  96

На сите студенти кои претходниот ден добиле картичка за студентски оброк, а сумата не ја искористиле во текот на денот, автоматски сумата од 140 денари им ја снемува. Ова предизвика револт кај студентите кои велат дека од една страна државата им дава 140 денари, а од друга, им ги зема на полноќ доколку не ги потрошат дента, пишува Алсат.

„Залудно е. Треба да се собират од ден на ден и кога ќе ни требаат да се искористат. Не сум видел да се повлечат. Ми изгледа апсурдно зошто да се повлечат? Но, повторно со 140 денари не значи дека ќе можеме да завршиме некоја работа, тоа е многу мала помош.“

„Знам дека мора да се користат секој ден и ако не ги искористите ќе бидат повлечени, но се надевам дека ќе направат промена бидејќи 140 денари не се доволни за храна“, реагираат студентите.

Другото прашање што ги загрижува студентите е дека за да се намалат студентските трошоци, 140 денари се премалку за студентскиот буџет.