👁️  12.595

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Р.(56) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”, соопшти полицијата.

„Пријавениот, во својство на директор на средно училиште во Битола, во повеќе постапки за јавни набавки постапил спротивно од одредбите од Законот за јавни набавки околу набавка на информатичка и аудио опрема и околу промена на кровна конструкција и промена на надворешна столарија“, се вели во соопштението од МВР.

На тој начин, осомничениот директор го оштетил буџетот на училиштето за сума од 738.862 денари (околу 12.000 евра), додаваат од полицијата.