Девојка од Македонија (23) пронајдена мртва во Солун

Млада девојка на возраст од 23 години е пронајдена мртва во стан во Неаполи, Солун, во понеделник попладне.

Според информациите, родителите на девојчето, кое потекнува од Македонија, ја барале безуспешно. Потоа, роднина на младата девојка отишол во станот и ја пронашол мртва.

Од форензичкиот преглед на телото и од доказите собрани досега од страна на властите, не се видливи траги од криминална активност.

Истрагата е во тек.