👁️  26

Сержињо Дест никогаш не успеа да се наметне во првиот тим на Барселона, а деновиве доби и непријатна вест од тренерот Чави Хернандез, кој му соопшти дека нема да смета на него во новата сезона.

Американскиот репрезентативец беше приморан да побара друго решение и замина на позајмица во државата каде што ја започна својата кариера, поточно во тимот на ПСВ Ајндховен.

По минатогодишниот престој во Милан, Дест се надеваше дека конечно за него ќе започне светла етапа кај Каталонците, но очигледно е дека тренерот Чави имал сосема поинакви планови.