👁️  152

Кандидатот за нов лидер на опозициската СДСМ, Јован Деспотовски, објави видео во кое разговара со членови од партијата, посочувајќи им Доста е!

-Партијата си има куќен ред. Од 30.6 се надевам дека ќе има нов куќен ред. Во куќниот ред ќе се договараме кои ни се ставовите и ќе се договараме кој ги пласира тие ставови. Дали ќе искачаат од зградата таму, ќе седиме овдека на улица ќе одржиме прес или ќе збориме во Собрание. Ама ќе се договориме. Ако не се почитува куќниот ред, знаеш како е редот. И тебе дома нема да те толерираат твоите ако не се однесуваш како што треба. И тоа треба да им биде јасно на сите. Јас немам проблем. Тоа отворено го кажувам. Ја имаа можноста и мене ми е навистина жал затоа што сега не ја препознаа таа прилика и да се повлечат еден чекор назад. И сега пак се вклучени во изборите. Што не беше јасно минатиот пат, седум години, десет години. Доста е! Мислам стварно е доста! Најдругарски да си кажеме значи не бива, значи знаеш како, сега со сила ги туркаме работиве. Види, ако не те сакаат дома, а нас не нѐ сакаат ни во Струмица, ни во Паланка, нигде не нѐ сакаат. И сега пак истото ќе им го вратиме на луѓево?! Знаеш каков впечаток имав? Имав впечаток дека сите околу нас точно знаат што се случува и што не треба да направиме, само ние уште не знаеме што не треба да направиме. И само ние уште глумиме лудило и си мислиме дека имаме трка во која што Јово се натпреварува со Венко. Ние уште тоа си го тераме. Ние уште мислиме дека Јово и докторот се. Не бе, не се Јово и докторот.

Видеото погледнете го на следниот линк