👁️  40

Денеска претпладне се очекува променливо облачно време, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, по должината на Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 12 степени.

В сабота времето ќе биде претежно облачно, а в недела и в понеделник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег, каде што ќе се формира снежна покривка.