Со преостанатите осминафинални натпревари во кои Србија ќе игра против Чешка, а Полска против Белгија, денеска ќе бидат познатите последните два четвртфиналисти на Европското првенство во одбојка во машка конкуренција.
Македонските одбојкари вчера во Бари беа поразени од бранителот на трофејот и актуелен светски првак Италија со 3-0 и го заврши настапот во осминафиналето.
Пласман меѓу осумте најдобрите селекции обезбедија и Словенија, Украина, Холандија, Романија и Франција.
Четвртфиналните натпревари ќе се играат во Бари, а финалето е на 16 септември во Рим.