👁️  404

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Согласно последната одлука донесена од РКЕ, цените на бензините и мазутот не се променија.

Цените на дизел горивото и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 2 денари.

Ова се актуелните цени на горивата:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 88,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 88,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм)