Свети Мирон беше свештеник во некое место во Ахаја (Грција). Потекнуваше од виден и богат род. Се одликуваше со особено благиот карактер.

Во 250 година, за време на прогоните на христијаните при владеењето на римскиот император Декиј, на денот на Христовото раѓање и додека презвитерот Мирон служеше во црквата, се втурнаа внатре римски војници, го извлекоа од црквата и тука, на самото место, го ставија на страшни маки.