👁️  12

Свети Адријан и Наталија потекнуваа и живееја во Никомидија. Двајцата беа од богат род. Адријан, кој беше началник во преторијата, беше незнабожец, а Наталија тајна христијанка.

Пред своето мачеништво тие проживеаа во брак само една година. Во нивно време царот Максимијан ја посети Никомидија и не пропушти прилика тука да ги прогонува христијаните. Имено, во близината на градот, во една пештера, се криеа 23 христијани.

Некој ги поткажа овие на властите, а војниците ги извлекоа оттаму, ги изнамачија и ги фрлија в затвор. А Адријан, како човек со прав ум, се чудеше на нивната истрајност и преку нив и тој поверува во Распнатиот и Воскреснатиот.

И не го криеше тоа, туку јавно го исповеда, поради што беше затворен. Кога слушна за тоа, Наталија дојде во затворот и тука им служеше на сите и го бодреше Адријана да истрае во сведоштвото.

Набргу сите беа погубени. А после три дена, како особено приврзана гулабица, и Наталија се прибра мирно кон својот брачник.