👁️  285

Времето денеска во Мекедонија ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. УВ индексот ќе има вредност 6.

Утринските температури се движат во интервалот меѓу 11 и 19 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 22 и 32 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе виде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Од пладневните часови ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура достигна 18 а во текот на денот ќе се искачи до 29 Целзиусови степени.