👁️  19

Денеска (02.08.2023) по повод националниот и државен празник 2-ри Август – Илинден, покрај делегација предводена од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски која ќе биде присутна во Крушево, делегации на ВМРО-ДПМНЕ ќе положат цвеќе и на следните места:

•Делегација предводена од портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи и претседателот на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Христовски ќе положат цвеќе пред споменикот на АСНОМ (Парк Жена борец), споменикот на Никола Карев (пред Собранието на Република Македонија), потоа пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто (Плоштад „Македонија“).

•Делегацијата предводена од Борис Шамбевски, претседател на Градскиот Комитет на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ заедно со потпретседателите на Градскиот Комитет на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Адриан Наумоски и Љупчо Ристески ќе положат свежо цвеќе на тврдината Кале-Скопје.

•Делегација предводена од пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска и пратеникот Бране Петрушевски, ќе положат цвеќе во Меморијалниот центар „АСНОМ“, Пелинце.

Го покануваме Вашиот медиум да го проследи настанот.