👁️  12

Поранешниот португалски фудбалер и легенда, Деко, е нов спортски директор на  каталонскиот гигант Барселона

Клубот го соопшти ангажманот на 45-годишникот кој од 2004 до 2008 година ги бранеше боите на каталонскиот гигант.

Деко до крајот на трансфер периодот ќе работи заедно со Матеу Алемани, кој ќе го внесе во неговите обврски и ќе му ја предаде „штафетата“. Алемани потоа се повлекува, а Деко ќе остане на функцијата во Барселона.