👁️  117

Традиционалната Дедомразовска трка денеска напладне ќе се одржи во Скопје во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.

На трката повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат на патека во должина од два километра, а за победниците се предвидени награди. Покрај натпреварувачки, трката има и забавен карактер и на неа можат да учествуваат и деца во придружба на родители.

Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците, како и лотарија за исполнување на новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место.