👁️  131

Дедо Мраз денеска со балон слета во паркот „Есенинова“ за да им подели пакетчиња на 3000 дечиња.

На забавата во организација на општина Кисела Вода концерт одржа и Детскиот фестивал Поточиња, а се играше и театарска претстава.

– Новогодишниот период е време кога ja прославуваме радоста, кога еден на друг си посветуваме повеќе внимание, кога со возбуда го очекуваме новиот почеток кој треба да донесе здравје, среќа, успех и други убави нешта за нашите најсакани. Се чини дека најважни за сите нас, сепак, се децата чии желби се најискрени и најтопли, токму затоа денес се потрудивме на уникатен начин да ја испратиме старата и да ја дочекаме новата година што е на прагот, вели градоначалникот Орце Николовски.