👁️  4177

Слушам сме имале енергетска криза и “благодарение” на тоа, се вртоглаво се поскапува. ОК.

Се прашувам што е тоа криза и дали можи некој да ми ја објасни, бидејќи, пред една недела го слушав “најмеродавниот” за производство на струја, Васко Ковачевски, кој рече дека на врат, на глава се ќе се среди и електрична енергија никогаш нема да недостасува и тоа по цена од 60 евра. Значи струја ќе има. Е сега само што ќе биди 2 пати, за некој 3 пати, а за тие од погорните скалила на тарифирање и 4 пати поскапо од лани. Но поентата ми е дека струја ќе има. Ако сакаш и ако имаш пари да ја платиш ќе ја имаш во секој момент. Одам на бензинска и во секој момент можам да наточам колку што сакам од било кој енергенс, значи гориво има. Е сега, нафтените деривати од лани се двојно поскапени. ТНГ е дури и 3 пати поскапо од лани, а метанот 10 пати. Но поентата ми е дека од кое било гориво ќе има. Ако сакаш и ако имаш пари да платиш ќе имаш во секој момент. Одам по стоваришта сакам да купам пелети 10 вреќи, нема проблем има. По два дена 20 сакам да купам, пак нема проблем има. Но за разлика од лани цената е повисока за 200 денари. Но поентата ми е дека пелети има. Ако сакаш и ако имаш пари да платиш ќе имаш во секој момент. Сакам да купам дрва, пак нема проблем, има дрва. За две недели 10 кубици растоварени пред врата без никаков проблем. Ама лани ако беа 2.800 денари по кубен метар, оваа година се 4.800. Но поентата ми е дека ако сакаш и ако имаш пари да платиш ќе имаш дрва во секој момент.

Дечки криза нема, се ќе има во дуќаните, стовариштата, бензинските, пазарите… Ништо нема да снема. Единствено што ќе снема се парите од вашите сметки и џебови, како и насмевките од вашите лица. Ова не е никаква криза ова е кражба. Богатите ќе станат побогати, а сиромашните посиромаси.

Автор: Виктор А.К.А. Башлак