Во услови кога Македонија се соочува со национални предавства од страна на власта и се туркаат уставни измени под бугарски диктат кој што задираат во македонскиот идентитет и суверенитет, тројца универзитетски професори Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, универзитетски професор и пратеник и Александар Спасеновски, во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“ ќе одржат дебата насловена „И Европа и Македонија, интеграција и идентитет“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Дебатата ќе започне во 17:30 часот во Парк на револуцијата во Кочани.
Од партијата велат дека важно е граѓаните да учествуваат во политичките процеси! Важно е да се подобри надворешната политика. Важно е да се подобрат меѓународните односи. Важно е да живееме достоинствено. Важно е Македонија да победува!