👁️  54

Данска ќе и донира на Украина воена опрема во вредност од 3,7 милијарди круни (околу 495 милиони евра), соопшти денеска данското Министерство за одбрана и ја потврди својата „непоколеблива поддршка“ за Украина.

Донацијата вклучува тенкови, борбени возила на пешадија, артилериска муниција, беспилотни летала и малокалибарско оружје, се наведува во соопштението на данското МО.

Два дена по посетата на данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен на Киев, Копенхаген ја донира 13. помош по ред, што вклучува опрема што ја бара Украина – муниција, артилериско орудие, тенкови и оклопни возила.

Денешната донација потврдува дека Украина може да смета на непоколебливата поддршка на Данска во нејзината борба за слобода, изјави шефот на данската дипломатија Ларс Расмусен.