👁️  15.605

Од архивата на битолскиот хроничар Стефан Чекутков -СТАРИ БИТОЛЧАНИ за Аналитикум.

БИТОЛСКОТО ЧУПЕ – ВЕРА ВЕЛЈАНОВСКА, ДАЛИ ТАА Е НАЈДОБАРИОТ БИТОЛСКИ СПОРТИСТ НА СИТЕ ВРЕМИЊА!?

Во Битола од секогаш доминантни спортови биле Фудбалот, Ракометот и Боксот. Атлетиката од секогаш била во втор план.

НЕПРАВИЧНИОТ ТРЕТМАН НА СОФКА – Битола

Своевремено државната спортска институција СОФКА – Битола најмалку финансии му доделуваше на А.К. – „ОЛИМПИЈА“. Сепак, еден спортист во конкретниот случај спортиска член на погоре именуваниот атлетски клуб има постигнато спортски резултати како ни еден друг наш сограѓанин досега. Ако се прави избор на најдобриот спортист на Битола на сите времиња според мене во најтесниот круг би требало да влезе името на Атлетичарката ВЕРА ВЕЛЈАНОВСКА.

Една изрека гласи: „ПРЕД ФАКТИТЕ И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ“, а тие се на нејзина страна. Поточно, ни еден Битолски спортист нема постигнато такви резултати и освоено медаљи од значајни натпреварувања како ЛЕГЕНДАРНАТА атлетичарка ВЕРА ВЕЛЈАНОВСКА. Нејзиниот биланс на освоени медаљи од значајни атлетски натпреварувања е повеќе од ИМПОЗАНТЕН.

Која е всушност ВЕРА ВЕЛЈАНОВСКА и како започнала нејзината фантастична и блескава атлетичарска кариера?

Родена е во 1955 година во Битола. Своите први чекори во атлетиката ги прави во АК – „Олимпија“, каде останува активен член се до завршувањето на нејзината богата спортска кариера. Како членка на АК – „Олимпија “, учествувала на многу атлетски манифестации во Југославија и други држави.

ОСВОЕНИ МАДАЉИ

Специјалност му беа кусите атлетски патеки. Во нејзината долгогодишна спортска кариера таа има освоено: 17- ЗЛАТНИ ( на државни-Југославенски и Балкански атлетски првенства), 15- СРЕБРЕНИ и 3- БРОНЗЕНИ медали, 1- ЗЛАТНА и 2- СРЕБРЕНИ плакети и многу пехари.

ПОСТИГНАТИ РЕКОРДИ

Исто така, Вера Велјановска има постигнато РЕКОРДИ, од кои дел сѐ уште не се соборени во Македонија. Поточно: 7,3 секунди на 60 м. во сала во Букурешт, 7,5 секунди на 60 м. во сала во Сплит, 11,6 секунди на 100 м. сала во Букурешт, 200 м. на отворено 24 секунди во Софија. Оваа фантастична атлетичарка има настапено на Европскиот куп во Холандија и на Европското првенство во Дуiсбург, Германија. Од 1970 до 1975 година била редовен член на Македонската и Југословенската репрезентација во сениорска и јуниорска конкуренција.

ПРИЗНАНИЈА

Четири пати е избрана за НАЈДОБАР СПОРТИСТ НА БИТОЛА, а во 1973 и 1974 година и за НАЈДОБАР СПОРТИСТ НА МАКЕДОНИЈА. Други признанија и награди кои ги добила Вера Велјановска се: Плакета по повод 30 година физичка култура во Битола, Награда 4-ти Ноември во Битола, Седум секретари на СКОЈ, Сребрена плакета од Светската атлетска федерација во 1998 година и друго.

НАСТАВНИК ПО ФИЗИЧКО ВОСПИТУВАЊЕ

По завршувањето на својата спортска кариера, работи како наставник по физичко воспитување пренесувајќи го нејзиното богато искуство на помладите генерации.

ЗАКЛУЧОК

Имајќи ги во предвид нејзините успеси во спортот (атлетиката) слободно може да се заклучи дека: Атлетичарката ВЕРА ВЕЛЈАНОВСКА е можеби НАЈДОБАРИОТ БИТОЛСКИ СПОРТИСТ НА СИТЕ ВРЕМИЊА. Тоа е моето мислње, а ВАШЕ?

Автор: СТЕФАН ЧЕКУТКОВ