👁️  26

За омилените топчиња за кои треба да одвоите многу малку време за подготовка потребни ви се следниве намирници:

1 голема конзерва аквафаба (вода од наут)
250 гр темно чоколадо
1 лажица кафеав шеќер
200 гр крупно мелени лешници
250 гр ситно мелени бисквити (без путер!)
3 големи лажици густин

Подготовка:

Изматете ја аквафабата во тврд снег,растопете го чоколадото,постепено додавајте го шеќерот и стопена чоколада,мешајќи постојано за да се одржи структурата на „снегот“ за да се спречи смесата да „тоне“ и да се пробие во течност.

Во т.н пена потоа се додаваат 100 гр лешници, бисквитите и се меша густинот.

Смесата ставете ја во фрижидер да се стегне,потоа формирајте топчиња и секое извалкајте го во преостанатите 100 гр мелени лешници.