👁️  7145

Градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов, ја раскинал свршувачката со својата поранешна свршеница Марија Десанова, дознава Фактор. 

Фактор за потврда или демант на оваа информација дека е раскината свршувачката, се обрати кај струмичкиот градоначалник, на што тој ни одговори дека воопшто не сака да коментира на оваа тема. 

Инаку, во јануари, 2021, тогаш триесетгодишниот пратеник од редовите на СДСМ и портпарол на партијата, Костадиновски, преку својот фејсбук профил го покажа свршеничкиот прстен што и го дал на својата избраничка, Марија Десанова. 

„Животот ми овозможи да те запознаам, Бог пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со тебе. Нека љубовта трае до последниот атом. Затоа што си моја, затоа што те сакам. Од овде до небото и назад“, напиша Костадинов на својот фејсбук профил.

На крајот на декември, пак, исто минатата година, во интервју за Фактор, Костадинов, тогаш веќе градоначалник на Струмица, најавил дека за новогодишната ноќ ќе ги посети сите дежурни служби во градот и ќе им ги честита празниците на луѓето кои ќе бидат на своите работни места. Најавил и дека со нетрпение ќе го чека раѓањето на првиот жител на општината во новата 2022 година.

Тогаш Костадин Костадинов изјавил и дека се надева дека ќе остане време да ја прослави Новата година со својата Марија и блискиот круг пријатели, во домашен амбиент, со традиционалните новогодишни готвени јадења