👁️  838

За време на појавувањето на Меган Маркл во Виндзор, многумина забележаа набор на нејзиниот фустан, што сугерираше дека принцезата носи микрофон.

Војвотката од Сасекс и принцот Хари им се придружија на принцот и принцезата од Велс во замокот Виндзор за да ги поздрават ожалостените кои ѝ оддадоа почит на кралицата во саботата, кога оваа теорија изби на Твитер. Се појави приказна дека Меган Маркл носи „уред за снимање“ под фустанот.

Извор близок до Меган изјави за Page Six: „Ова е лудо и всушност штетно за неа. Се разбира, таа не носеше микрофон“.

Правоаголниот набор кој се гледа на половината на црниот фустан на Меган предизвика многу критичари да шпекулираат дали таа носи микрофон.

„Што крие Меган под фустанот?“, напиша еден корисник на Твитер.

Други се прашуваа дали таа прави материјал за нејзиниот претстоен документарец на Нетфликс.