👁️  257

Фармацевтската комора во соработка со коморите на лекарите во Р. Македонија излезе со соопштение за можно тестирање на граѓаните во аптеките ширум државата.

За почеток тоа ќе биде само пилот проектсамо во Скопје а бесплатно тестирање е пракса во аптеките во вропските држави, како ќе се одвива ќе одлучат двете надлежни комори.

Почитувани, Ве известуваме дека во петокот 19.8.2022 година Фармацевтската комора на РМ, Здружението на приватни аптеки на РМ, Лекарската комора на РМ и Здружението на матични лекари одржаа заеднички состанок на тема – фармацевтска грижа во примарната здравствена заштита „КОВИД – тестирање“ на кој се дискутираше за придонесот кој фармацевтите како здравствени работници можат да го дадат во ковид – брзите тестирања.

За таа цел се планира пилот проект првенствено со пзу – аптеки со седиште на подрачјето на град Скопје.

Сите пзу аптеки кои се заинтересирани да се вклучат во проектот да достават до Фармацевтската комора на РМ податоци за аптеката (име, адреса, е – адреса и лице со контакт телефон) најдоцна до среда – 24.8.2022 година до 12.00 часот на info@fk.mk Фармацевтска комора на РМ Претседател – дипл.фарм.спец. Весна Ставрова, стои во соопштението на Фармацевтската комора на Р.М.