👁️  3092

Православната црква Свети Ѓорѓија е монолитен храм кој се наоѓа во Лалибела, Етиопија. Христијанскиот храм бил изграден во текот на 13 век. Овој храм бил изграден најдоцна од единаесетте цркви во областа, па честопати се нарекува и како Осмо светско чудо.. Неговите димензии се 25 x 25 x 30 метри.

Според етиопските преданија, оваа црква била изградена во времето кога кралот Гебре Мескел Лалибела од династија Загве, која на власт во земјата дошла во почетокот на 10 век. Во текот на неговото владеење, неговите соперници постојано се обидувале да ја заземат неговата власт, па се обидиле и да го отрујат.

Самиот крал побарал помош од Етиопската православна црква. Тој слушнал гласини од страна на Свети Георги и Господ, кои говориле дела самиот крал бил задолжен да го изгради вториот Ерусалим, бидејќи вистинскиот се наоѓал во рацете на муслиманите. Според некои извори, самиот крал бил во Светата Земја, и бил инспириран од тоа што го видел. Сепак, при изградба на комплексот од цркви, тој во никој случај не се обидел да наметне некоја копија од блискоисточните храмови.

Првите жители од Европа кои го посетиле комплексот биле Португалците во текот на 16 век. Се вели дека кога португалскиот капетан ги известил властите на Португалија за убавината на храмот, тие едноставно не можеле да поверуваат дека е можно да постоат такви градби во Африка.

Црвата се наоѓа на определена далечина од останатите цркви во целиот комплекс. Таа е во длабок ров, чија основа наликува на крст. Нејзините невообичаени прозорци наликуваат на оние од катедралата во Аксум. Во нејзината внатрешност се наоѓа стенопис од Свети Ѓорги, како убива змеј. Сите цркви се меѓусебно поврзани со подземни тунели.

Денеска оваа црква припаѓа на Етиопската православна црква. Објектот е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Комплексот е еден од најголемите туристички атракции во земјата.