👁️  19

Американската кошаркарска НБА лига објави синоќа дека Далас ќе одигра подготвителен натпревар против актуелниот шампион на Евролигата, Реал, на 10 октомври во Мадрид.

Со овој натпревар ќе се одбележат 35 години од одигрувањето на првите натпревари на НБА тимовите во Шпанија. Воедно, ова ќе биде прв подготвителен натпревар на НБА екипа во Мадрид од 2016 година, кога Реал ја пречека Оклахома.

Претходно Бостон во 1988 година одигра два пријателски натпревари во Мадрид, против Реал и репрезентацијата на Југославија.