Боан Крстевски почна успешно да се лечи од стеноза на жолчни патишта во црн дроб во Италија, информираат членови на неговото семејство.
Досега за интервенции е платено 65.000 евра, а потребно е тој уште три пати да оди во болницата во Рим. Тоа ќе чини дополнителни 40.000 евра!
Бидејќи од државата Бојан добил 11.000 евра, потребна му е хуманоста на граѓаните.
-Дали Бојан ќе успее да преживее зависи од Бога, од доктор Иво и болницата Gemelli ама и од нас, хуманите луѓе, се наведува во апелот на социјалните мрежи.