Најмалку три лица загинаа во невремето и катастрофалните поплави што ја зафатија Словенија, објави Словенечката новинска агенција СТА.
Еден Словенец загина во областа Камник, а двајца Холанѓани во планините во околината на Крањ.
Рекордните врнежи од дожд кои главно предизвикаа поплави во северниот дел на Словенија не се ни при крај, предупредуваат метеоролозите. Црвен аларм е прогласен за северозападниот, североисточниот и централниот дел од земјата.
Zračni posnetki posadke helikopterja @policija_si kažejo na zahtevne razmere. pic.twitter.com/Yys9z2huI5
— policija_si (@policija_si) August 4, 2023
Невремето се движи низ источна Словенија, а почната е евакуација на населението во Целје, каде без електрична енергија останаа речиси 12.000 корисници, додека во западиот дел од државата хидролошката состојба се смирува, но реките Пољанска Сора и Градашчица сè уште поплавуваат подрачја.
Поради ситуацијата во земјата, премиерот Роберт Голоб го прекина одморот и, како што објави весникот Дело тој денеска во просториите на Министерството за одбрана ќе се сретне со претставници на Штабот за цивилна одбрана, за утре претпладне е свикан проширен Совет за национална безбедност, а предвидена е и владина седница.
Popoldanski zračni posnetki posadke helikopterja @Slovenskavojska razkrivajo razsežnost poplavljenih območij na širšem območju Celjskega. Slovenska vojska z vsemi akterji nacionalno-varnostnega sistema daje vse od sebe, da pomaga prizadetim. #poplave23 #vSlužbiDomovine pic.twitter.com/PddA6RF6i0
— Slovenska vojska (@Slovenskavojska) August 4, 2023
Голоб наведе дека функционира системот за заштита и спасување во случај на природни и други непогоди, сите екипи на терен даваат се од себе за да им помогнат на луѓето. Тој исто така повика да се следат упатствата на надлежните служби и да се заштити сопствената безбедност.
Според податоците на Одделението за хидролошки прогнози на Агенцијата за животна средина на Словенија, тежиштето на врнежите се преселило над источниот дел од земјата во изминатите неколку часа од басенот Колпа на југ до Корушка и Штаерска на север. На овој простор забрзано се зголемува новото на реките и потоци, особено Мислиња, Дравиња и Пешница Савиња во долниот тек, а поплавените површини во овој крај ќе продолжат да се зголемуваат.
Поплавите на Сава во голема мера се во средниот тек, каде ќе се задржат поплавените подрачја, додека во долниот тек поплавите ќе се интензивираат во наредните часови.
Поплавените подрачја покрај реките Мура и Драва низ водно од браната Марковци малку ќе се зголемат, а регионалниот центар на Управата за заштита и спасување во Марибор има евидентирано 90 интервенции од почетокот на синоќешните обилни врнежи, но засега ситуацијата е под контрола.
Na terenu aktivnih okoli 100 pripadnic in pripadnikov @Slovenskavojska
z materialnimi sredstvi in tehniko ter helikopterji. V pripravljenosti do 500 dodatnih sil, ki bodo aktivirane skladno z zahtevami @URS_ZR s katero bomo pomagali, dokler bo treba. #vSlužbiDomovine #poplave23 pic.twitter.com/HzF7YqS7yh
— Slovenska vojska (@Slovenskavojska) August 4, 2023
Реката Драва веќе се прелева во некои области, особено во Малечник и Руше.
Дело објави дека големи поплави ја зафатија долината Горна Савиња, делови од Штаерска и Корушка, а ситуацијата во Засавје не е премногу критична.
Командантот на Цивилната одбрана на Западна Штаерска, Јанез Меланшек изјави дека повеќето патишта во Горна Савињска Долина се непроодни, до општините Солчава и Луча воопшто не може да се стигне, а Мозирје е под вода.
– Во моментов, сепак, воопшто не можеме да им помогнеме на луѓето, бидејќи патиштата се затворени, мостовите се поплавени и целосно е невозможно да се стигне до таму, посочи Меланшек.