👁️  19

Црна Гора моментално има амбасадори на само единаесет адреси во светот, додека вршители на должност има двојно повеќе – дваесет и двајца. Ова го покажуваат податоците доставени до подгорички „Вијести“ од Министерството за надворешни работи.

Според тие податоци, Црна Гора има амбасадори во само седум земји – Белгија, Грција, Италија, Северна Македонија, Русија, Турција и Франција и во четири мисии – во ЕУ, ОН и другите меѓународни организации (Женева), ОБСЕ и Советот на Европа. До пред четири дена државата имаше амбасадорка во Постојаната мисија во НАТО, но таа беше отповикана поради истекување на мандатот.

Причината за моменталната состојба на црногорската дипломатска мрежа е последица на неможноста за договор меѓу новите власти и доскорешниот шеф на државата Мило Ѓукановиќ за именување амбасадори. (МИА)