Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане синоќа интервенирале на четири пожари, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Сува трева и стрниште гореле во кумановското село Биљановце како и во две села во општина Липково, Матејче и Ваксинце. Пожарите се изгаснати после 20. 30 и 21 часот.
Екипи на противпожарни единици на Куманово и Старо Нагоричане гаселе пожар на автомобил во село Младо Нагоричане.
-По пожарот на автомобилот, огнот зафати околно стриниште, навреме интервенираме со колегите од Куманово, изјави командирот на ТППЕ , Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.