Честитка од Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод Велигден

Во духот на Велигденските празници, дозволете ми да Ви упатам најсрдечни честитки, со желби за здравје, радост и семејна хармонија.

Велигден е празник на надежта, обновата и победата на животот. Тоа е време кога се потсетуваме на важноста на солидарноста, меѓусебното почитување и човечноста – вредности кои се водилка и во нашата работа во јавната администрација.

Нека празничните денови Ви донесат мир, благосостојба и нова сила за соочување со сите предизвици.


Христос воскресе!

Горан Минчев
Министер за јавна администрација