👁️  152

Честитка на јавното претпријатие за стопанисување со Индустриската Зона Жабени -Битола до сите граѓани на Република Македонија по повод 8-ми Декември – Свети Климент Охридски.

Свети Климент Охридски е заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква.

Свети Климент Охридски оставил печат не само на македонската писменост и историја, туку и на историјата и на другите народи на Балканот, бидејќи е основоположник на Охридската книжевна школа, позната и како „Прв македонски и европски универзитет Свети Климент Охридски“. Почитувањето на јазикот и писменоста е почитување на историјата и самобитноста.