👁️  19

Англискиот премиерлигаш Челси е заинтересиран за голманот на Ница и дански репрезентативец Каспер Шмајхел. Лондонскиот клуб е во потрага по замена за Кепа Аризабалага, кој замина на едногодишна позајмица во Реал Мадрид.

Во моментов Челси има само еден голман, Роберто Санчез, откако Едуард Менди замина во Ал-Ахли.

Каспер Шмајхел има договор со Ница до јуни 2025 година, но е расположен да се врати во Премиерлигата. Тој во минатото беше член на Лестер, а претходно бранеше и за Лидс, Нотс Каунти, Ковентри, Кардиф, Фалкирк, Бери, Дарлингтон и Манчестер Сити.