👁️  12

Челси нема намера да сопре со нови трансфери и откако веќе го ангажираше Моизес Каиседо од Брајтон и го обезбеди играчот од средниот ред на Саутемптон, Ромео Лавија, „сините“ од Лондон сега ја активираа откупната клаузула на крилниот напаѓач на Кристал Палас, Мајкл Олисе.

Таа е во износ од 35 милиони фунти, а понудата е веќе испратена. 21-годишниот француски офанзивец долго време е желба на Челси, а се шпекулираше дека е интересен и за Манчестер Сити.

Олисе веќе ги прецизираше личните услови со лондончани, а во моментов се финализираат последните детали.