👁️  19

Како и што се најавуваше во претходните денови, Чави Ернандез постигна нов договор со Барселона.

Актуелниот договор на Чави со Каталонците истекуваше на крајот на актуелната сезона, но сега двете страни се договорија да ја продолжат соработката за уште една година.

„Фудбалскиот клуб Барселона и Чави Ернандез постигнаа согласност за продолжување на соработката до 30. јуни 2025 година со опција за продолжување на уште една дополнителна година“, објави Барселона.