👁️  271

Вечер …од 1963
Дома ЕКОНОМИЈА
ЕКОНОМИЈА
Цените на шеќерот и сирењето уриваат рекорди, на повидок ли е нов бран поскапувања?
Од страна на Вечер -12/03/2023 – 15:43375

Цените на шеќерот во Европа последниве месеци достигнаа рекордни вредности. Во февруари цента на шеќерот порасна за 6,9 насто во однос на јануари што е највисоко ниво во последните 6 години, додека во декември тон шеќер чинеше 655 евра, што е за 56 насто повеќе во споредба со истиот период пред една година.

Кондиторската индустрија, на која шеќерот им е основна суровина, се бранува и можни се нови поскапувања на нивните производи, како пред крајот на минатата година, што може да доведе до намалена потрошувачка и неизвесна иднина на производствените капацитети.

Експертите немаат добра прогноза ниту за цената на шеќерот во Европа, бидејќи од Франција доаѓаат лоши вести за енормно намалување на површините под шеќерна репка. И производителите и преработувачите се загрижени дали ќе има доволно шеќер.

Извршниот директор на прехранбениот гигант „Нестле“, Марк Шнајдер, минатата недела изјави за медиумите дека компанијата ќе мора дополнително да ги зголеми цените на своите прехранбени производи оваа година за да ги надомести повисоките трошоци за производство.

Исто така, цените на сирењата во Европа го достигнаа врвот и се очекува пад, но цената на месото ќе расте. Во Хрватска во последниот квартал од 2021 година, килограм гауда сирење можеше да се купи за 3,98 евра или 4,90 евра, а денес најниската продажна цена на ова најпродавано сирење во Хрватска е 6,50 евра, иако увезената „квази“ гауда, е достапна и со попуст за 5,49 евра за килограм.

Бранко Бобетиќ, директор на „Кроатија сточар“, вели дека Република Хрватска е ретка членка на ЕУ во која малопродажните цени, пред година и пол, кога започнаа психозата, пазарните нарушувања и инфлацијата, првично растеа побрзо од цените на производителите. А почнаа три месеци порано отколку во другите делови на ЕУ.

Уште поголемо зголемување на цената на храната во светот очекуваат и оваа година трговци на мало, фирми за стока за широка потрошувачка и инвеститори. Ројтерс деновиве посочи дека повеќе од една година се водат „тешки“ преговори за цените меѓу трговците на мало и производителите на стоки за широка потрошувачка.

Медиумите пишуваат дека сè започна поради ковид-19, а се влоши поради војната во Украина. Ситуацијата дополнително се влоши во 2022 година, бидејќи вртоглавото зголемување на цените на основните прехранбени производи ја влоши кризата на трошоците за живот во ЕУ и во Обединетото Кралство. Велика Британија, особено, не се сеќава на толку тежок период повеќе од 40 години.